ХОЛАНДСКИОТ АМБАСАДОР ДО АХМЕТИ: НЕПРИФАТЛИВО Е ДА СЕ ВЛИЈАЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ВРХОВЕН СУД

Холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп се сретна со лидерот на ДУИ Али Ахмети да му каже дека за Холандија е неприфатливо да има политичко влијание врз претседател на Врховниот суд, како и дека има постојан пад на владеењето на правото во изминатите две години.

„Амбасадорот Дирк Јан Коп се сретна со лидерот на ДУИ Али Ахмети да му пренесе порака дека по две години постојан пад на владеењето на правото, посветеноста на Северна Македонија на членството во ЕУ е во ризик ширум политичкиот спектар. Исто така, несоодветното политичко влијание врз позицијата на претседател на Врховен суд, што е судско прашање, е неприфатливо и ќе предизвика силна реакција од Холандија“, соопштија од Холандската амбасада во Скопје за средбата.