ТВ21: Превирања во СДСМ, ЗАЕВ СО УЛТИМАТУМ ДО КОВАЧЕВСКИ

Период на превирања во СДСМ, велат партиски извори за ТВ 21.

Според нив поранешниот лидер на СДСМ и премиер, Зоран Заев му поставил ултиматум на Ковачевски да се повлече од лидерска позиција во партијата до 28-ми јануари.

Во написот се додава дека Ковачевски воопшто не размислува на оставка.

Причините за несогласувањата се предизборните калкулации и пресметки, како да се настапи на претстојните избори.

СДСМ сака широка коалиција, Европски фронт, поточно со заеднички листи со ДУИ и Алијанса за Албанците и заеднички претседателски кандидат, кој би бил поддржан од сите овие партии уште во првиот круг. Иако начелно Али Ахмети се согласуваше на ова, сега ситуацијата се менува. ДУИ наводно се против, иако според извори на ТВ21 Ахмети се уште ја држи како отворена и оваа варијанта.

Проблемот сега е што ДУИ размислува за свој кандидат за претседател, поради тоа што не сака да остави празен простор на албанската опозиција да поентира со единствен кандидат Албанец. Како што е познато, Европскиот сојуз за промени, односно здружената албанска опозиција ќе има свој кандидат за претседател.

СДСМ пак демантирале.

„Не, тоа се невистини кои ги отфрламе во целост“, рекле од СДСМ.