Стоилковски: Фирмата-должник точеле и продавале гориво на празна нива, па од продаденото Сања пресметала данок?

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ објави видео на Х (Твитер) од местото каде што наводната фирма – должник точела и продавала гориво, а од тоа Лукаревска пресметала данок, па сега УЈП под нејзино раководство исплатило 22 милиони евра на две фирми од струмичко по основ на фиктивни фактури за поврат на ДДВ!

Ако УЈП не извршила исплата и ако се било фиктивно, тогаш по кој основ сега на фиктивни фактури им бара данок на фирмите?
Врз основа на што Лукаревска побарува 11, односно 12,2 милиони евра од Актико и Хантонос? Според документите, тоа се поклопува со парите коишто биле побарувани за поврат на ДДВ, а во документите пишува дека со увид во книгите на УЈП и поднесените пријави, констатирано е дека фирмата користела право на одбивка на данок. Зошто ако е се фиктивно овие фирми се појавуваат на листата на должници?