Само што помисливме дека работат напорно за европската агенда, тие ми ти пееле по кабинети, реагира ВМРО-ДПМНЕ за снимката со Ахмети
Само што помисливме дека ДУИ со СДС работат на европската агенда тие ми ти пееле и се журкале по кабинети додека народот плаче поради нив, реагира ВМРО-ДПМНЕ за видеото каде Али Ахмети слави роденден во Министерството за политички систем со кое управува Артан Груби.
Си пеат мака, немаат додека народот плаче поради нив.
Имаме премиер кој по вински саеми пее, и друг лидер на власта кој по кабинети пее. Можеби затоа Дрин Ахмети купил огномет. Прашањето е кој всушност работи во оваа влада?
Да беше нормална владата денес Груби ќе си поднесеше оставка поради журката во кабинет, а инспекторатот ќе поднесеше пријави поради кршење на законите и правилата.
Пробиено е секакво дно.
Народот никогаш не живеел полошо.
Важно е да ги поразиме!- велат од ВМРО ДПМНЕ.