„ПРЕМИЕР ЛИ Е, АЛВАЏИЈА ЛИ Е, ако му е до кафиња, на Македонија и се плаче од таквите како него“

Денес секој одговор на премиерот Ковачевски на новинарски прашања му завршуваше со стандардната реченица: „прашајте ја надлежната институција“. Ставот на Ковачевски зошто пропадна тендерот Чебрен, му беше „прашајте ја надлежната институција“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Додаваат дека ставот на Ковачевски зошто ТИРЗ троши милиони за градба на паркиралишта и тоа преку омилената Стентон градба му беше, „прашајте ја надлежната институција“.

– Ставот на Ковачевски до каде е ветувањето за намалување на платите на функционерите кое самиот тој го најави пред една година, му беше „прашајте ја надлежната работната група“. Ставот на Ковачевски за смените во Судскиот совет му беше „моите гледишта се истите како и на странските амбасадори“. Оттука се поставува прашањето на што е премиер Ковачевски. Премиер ли е, алваџија ли е, прашуваат тие.

Потенцираат дека откако Ковачевски и здосади јавноста со најави за тајни средби, сега вели ќе сакал кафе средба со Мицкоски на улица Македонија.

Ако на Ковачевски му е до кафиња, треба да знае дека на Македонија и се плаче од такви како него. Ниту тајни средби, ниту кафиња по кафулиња ќе има. Работите се пресериозни од паушалните и детски недораснати игри на Ковачевски. Во Македонија никогаш не се живеело полошо. И затоа важно е да бидат поразени, стои во соопштението.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за Прес24 изјави дека не прифаќа тајна средба со Ковачевски, на што Ковачевски изјави дека средбата ќе била кафе на улица Македонија.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.