На еден ден пред заминувањето од функција Ковачевски не им се извини на граѓаните за сите лаги

Димитар Ковачевски на ден пред заминување од функцијата премиер, наместо да собере храброст и да им се извини на граѓаните за сите лаги, манипулации и неправди, одбра да лаже.Наместо година на европски можности, за владата на СДС и ДУИ 2023 година беше година на криминал, корупција, скандали, афери, тендери, како и сите овие 8 години.Македонија со СДС, ДУИ и Ковачевски тоне на секое поле, набројува ВМРО-ДПМНЕ.

Да беше толку “успешна“ владата на Ковачевски, немаше земјоделците изминатите 8 години да протестираат поради слаб откуп и ниски цени секоја година.Да беше толку “успешна“ владата на Ковачевски ќе обезбедеше навремено учебници за учениците.Да беше толку “успешна“ владата на Ковачевски ќе обезбедеше лекови за сите граѓани, а не само за неколкумина, или пак ќе ги изградеше Клиничките центри во Скопје и Штип, или пак ќе ги задржеше докторите во државата, наместо тие да си одат.

Да беше “успешна“ владата на Ковачевски за 8 години ќе го доизградеше автопатот Кичево Охрид, наместо само да потпишува анекси за милионски суми, или пак Скопје-Блаце, чија изградба е само 2 километри или пак ќе ја изградеше железничката пруга до Бугарија, или експресниот пат од Градско до Прилеп.

Да беше “успешна“ владата на Ковачевски до сега ќе бевме земја која почнала преговори со ЕУ, наместо земја понижени пред другите земји од соседството и членките на ЕУ.

“Успешноста“ на владата на Ковачевски се гледа и во тоа што пола функционери се на црната листа на САД.

“Успешноста“ на владата на Ковачевски се гледа и во тоа што 600.000 наши сограѓани живеат на прагот на сиромаштијата, додека младите се иселуваат, а Македонија се празни.

Ковачевски е најслабиот премиер во независна Македонија кој на нелегитимен начин беше поставен, за да ги исполнува барањата на Ахмети и ДУИ.

Ковачевски не учествувал на избори и затоа не е свесен за своите неуспеси, но неговото заврши.

Владата на СДС и ДУИ е криминална и коруптивна.

Нема никаква европска вредност во владата на СДС, ДУИ и Ковачевски. Ковачевски секогаш кога сака да се затскрие зад својот криминал и криминалот на ДУИ се фали дека владата му била европска.

Со СДС и ДУИ никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме!

Граѓаните на 8 мај ќе изберат нова влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, нова надеж и нова иднина.