На Врабевски му е забранет влез во Македонија, но отвори нов бугарски клуб во Битола
Во Битола се отвори нов бугарск клуб„Балкански мост“ и не е поврзано со ниту една историска личност, како што беше случајот со клубот „Ванчо Михајлов“.
Зад клубот сто контроверзниот бугарски бизнисмен Милен Врабевски.
Новото здружение фокусирано на културата, образованието и традицијата и во овие празнични денови е прилично активно со донации, а било дел од вмрежување на исти вакви клубови во Албанија и други балкански држави.
ретседател на новото здружение е битолчанецот Љупчо Јошевски, вработен во РЕК „Битола“.
Кој е Милен Врабевски
Врабевски е бизнисмен и сопственик на голема компанија за клинички истражувања. На почетокот на пандемијата, тој донираше и заштитна опрема на болници во Македонија.
Исто така, тој го основал и пишува музика и текстови за рок бендот ,,Intelligent music project”.Поседува градинки и училиште, и често изјавува дека најмногу сака да инвестира во младите.