Латас: Законот за рестриктивни мерки ЌЕ БИДЕ МОЖНОСТ ЗА ПОЛИТИЧКА ОДМАЗДА, власта задира во граѓански права

Зошто на власт која и е основен проблем корупција ја мотивираш да донесе закон кој во суштина го нема ниту една европска држава, ни по суштина ни по ништо. Законот за рестриктивни мерки во Македонија се злоупотребува, изјави новинарот Драган Павловиќ Латас за „Само вистина“ на Канал 5.

Латас посочи дека Закон за рестриктивни мерки во Македонија постои од 2018 година,  но ако се видат законите во регионот, нашиот е копија на дел од содржината од Хрватска и додадени репресивни меркои кои ги нема во ниеден закон.

Предлагач на законот е МНР и служи како сега на пример има војна во Украина да каже дека се забранува трговија со руски фирми, служи потреби и мерки од интерес во МНР и сега се додаваат термини кои ги нема во Кривичен законик и Закон за кривична постапка. Тоа е на пример „хибридна закана“, нема таков термин. Се присвојуваат права на судовите. Ја гледав Грковска која вика не задираат во судовите, но задираат затоа што мерката која владата треба да ја изрече и се однесува на корупција и тоа што никој не го разбира „хибридна закана“ и никаде не е дефинирано, владата ја зема функцијата на судот на времена мерка и може да влезе во граѓански права, рече Латас.

Латас појасни дека таквите мерки се времено да ограничи да имаш сметка, да располагаш слободно со имот, да се кандитираш за јавна функција, да го тргнеш од јавна функција и тоа нема врска со мерките кои ги има во Хрватска, Црна Гора, дури и во БиХ.

– Таму ги има сите мерки, освен овие. Ние имаме ситуација, како Кочо Анѓушев, фирмата му е 90% извоз и цела фамилија, дури и децата се ставени на црна листа и неговата иднина е неизвесна. Значи законот ќе се употребува за политичка одмазда,  таа времена мерка му ги ограничува на човекот правата и е во конфликт и со закон за кривична постапка и кривичен законик. Правниците треба да седнат пред да се донесе законот и да кажат каде има конфликт, задира во други закони, изјави Латас.

Латас додаде дека дискреционо право на една држава е зошто некој е на црна листа.

Вие давате право само на СА и Британија црните листа бидат кај нас безмалку обвинение, а зошто не го давате правото на Германија, Франција, Италија? Обврзување на обвинителство да постапи со истрага, автоматски штом владата дала по овој закон, автоматски е и пресуда е можност за политичка одмазда. Таа влада која го ставила во заробеништво судството преку форсирање на правата на обвинителството, вештачки вметнува под борба против корупција причини и прилики да елиминира политички економски некого од сцената,  изјави Латас.

Извор: Вечер