КОД: Артан Груби колку и да демантира, сепак М-НАВ е дувло на ДУИ каде што земаат плата, а не работат ништо
Според експертите оваа изјава на Артан Груби е обид за амнестија и на настанот и на учесниците во него. Првиот вицепремиер смета дека учесниците во инцидентот предводени од координаторот на ДУИ за Чаир, Беким Незири немаат никаква врска со ДУИ.
Вечерва во емисијата „Код“ на Телма телевизија обелодени дека М-НАВ е дувло на ДУИ, кои земале плата, а не работеле ништо.
„Нема ниту учествувано во физички инцидент со било кој од вработените во М-НАВ, ниту има отворано врати за да внесува банди на луѓе во М-НАВ однадвор. Туку сите биле вработени таму“, ова беше изјавата на Артан Груби во гостување во емисијата „24 анализа“ на ТВ24.
Според експертите оваа изјава на Артан Груби е обид за амнестија и на настанот и на учесниците во него. Првиот вицепремиер смета дека учесниците во инцидентот предводени од координаторот на ДУИ за Чаир, Беким Незири немаат никаква врска со ДУИ.
„Но со само едно пребарување на нивните профили на фејсбук го демантира Груби“, нагласи водителката на емисијата „Код“, Снежана Лупевска.
Според нејзе на фб профилите на учесниците може да се забележат фотографии со Али Ахмети и со останатото раководство на ДУИ. На ФБ профилите има постови со партиски знамиња, со логото на ДУИ.
Во упадот на контролната кула на летање учествувале 11-мина, од нив само 4-ца по една недела од инцидентот се во домашен притвор.
Беким Незири е најпознатиот меѓу нив, тој кај и да оди на поголема функција се враќа во контролата на летање, но не како контролор туку како административец, директор или советник на главниот директор. А, бил и во Управниот одбор на М-НАВ. Во 2010 година Незири нападнал контролор за летање бидејќи тој контролор како инструктор не сакал да му потпише дека положил за контрола на летање, по што Незири го турнал контролорот. А, снимките за нападот на инструкторот биле избришани.
„Незири не оди сам во котролната кула, со него одат десет од кои во домашен притвор се тој и уште тројца“, се вели во емисијата „Код“.
Абдиљ Османи е вработен во конторолата за летање, но не е ниту административец, ниту контролор, ниту обезбедување, туку градинар. Но, М-НАВ нема градина.
На ФБ профилот на Рамадан Брава може да се забележи дека е близок со Незири, го има видеото од распеаниот Ахмети. Но исто така има слика каде Брава е на говорницата на ДУИ. Брава е офицер во службата за општи работи во М-НАВ. Тој не е контролор. Во судското досие на име Рамадан Брава има податоци за вкупно три кривични дела извршени пред 2013-та година. Но, исто така се шпекулира дека пред неколку години тој бил учесник во снемување на неколку тони нафтени деривати од М-НАВ.
Алмир Рамдедовиќ е вработен во Агенцијата која треба да ја обезбедува контролната кула, тоа е фирмата 2СС од Кичево.
Омер Абдулаи кој е вработен во М-НАВ, исто така бил учесник во инцидентот. На неговиот профил може да се забележи дека е дел од огранокот и симпатизер на ДУИ во Чаир, учествува на митинзи, состаноци.
„Сали Ерсан е исто така учесник во инцидентот, а тој е бивш фудбалер, фудбалски тренер, чија сопруга исто така е вработена во М-НАВ пред неколу месеци“, говорат информациите на „Код“
Според „Код“ Сали Ерсан 2010 година со пиштол пукал во човек во дуќан на Пластичарска улица. А, во февруари 2022 година бил осуден на една година затвор за тешки дела против општата сигурност. Но, Апелација истата година во ноември месец ја преиначува пресудата дека тој нема да оди во затвор доколку не направи кривично дело во наредните три години. На фотографиите по социјалните мрежи може да се забележи дека е близок со Незири и семејството на Ахмети.
Суад Шабани е колега на Омер и Ерсан, и на социјалните мрежи кај него може да се забележи дека пишува дека работи во М-НАВ. Последните фотографии од партиските активности ги објавува на 15-ти ноември. И на сликите е Артан Груби. Суад Шабани има раководно место во М-НАВ за кое што нема квалификации. Шабани исто така користи службено возило доделено на друг раководител и користи гориво на сметка на фирмата.
Керими Лабинот и на неговиот профил пишува дека работи во М-НАВ како советник. Во петокот тој е пронајден по централната полициска потерница. Иако пишува дека работи во М-НАВ тој пред некое време си дал отказ бидејќи било откриено дека 6 месеци добивал плата, а имал нула работни часови, затоа што си рбаотел паралелно во Германија. А, според изворите на „Код“ со Лабинот во Германија бил и Рамадан Брава.