Експрес открива: Една од темите на вчерашната вечера во владата била КАКО ДА СЕ НАМАЛИ ПОБЕДАТА НА ВМРО-ДПМНЕ?
Како да се намали победата на ВМРО-ДПМНЕ била една од темите на вчерашната вечера во владата, тврдат извори блиски на учесник на вчерашната вечера во владата, на која учествувале повеќе македонски, регионални, еврипски и американски гости
Една од темите на разговор на вечерата била ВМРО-ДПМНЕ при што еден од домаќините предупредил на голема победа на Мицкоски и побарал помош од сите политички фактори да им помогнат на СДСМ и ДУИ со цел намалување на победата на ВМРО-ДПМНЕ.
Според изворите на експрес.мк силна поддршка за оваа идеја македонскиот преставник добил од албанскиот премиер Еди Рама и шефот на Фондацијата Сорос Александар Copoc,
Тие зборувале за потребата сите албански партии во Македонија и СДСМ да застанат зад еден кандидат за претседател и да одат заедно во коалиција на изборите.
Останатите присутни молчеле но не се спротивставиле директно на овие идеи.
Во текот на разговорот во момент на искреност претседателот Пендаровски искажал дилема дали воопшто вреди се кандидира на избори ако кандидат ако во првиот круг на претседателските избори свои кандидати имаат и ДУИ и Албанската опозиција која сега е во посета на Вашингтон.
Според Пендаровски во такво сценарио ВМРО-ДПМНЕ има реална можност да освои 61 пратеник на изборите.
Извор: Експрес.мк