Додека Бугарија тврди дека Македонците постојат од 45-та, албанските политичари користан нов термин: Не било „Голема Албанија“ туку „Автохтони“
Албанските политичари во Македонија во последно време користат нов термин кога треба да ги оправдаат знамињата и картите со „Голема Албанија“ кои се појавуваат на јавни собири. Според нив, тоа не била никаква „Голема Албанија“ туку знаме на „Автохтоните“.
Малкумина знаат што тоа точно значи „Автохтони“ .Тоа симболизира дека Албанците на овие простори биле староседелци.
Ова било главната идеја на Призренската лига во 1878 година кога се барало обединување на Албанија нејзините „природни граници“.
Во таа замислена територија требало да влезат делови од Грција,Скопје, Тетово, Куманово, Гостивар, Струга, Дебар и Кичево, Прешевската долина во Србија, Санџак, како Подгорица, Бар и Улцињ во Црна Гора.
Токму знамето „Автохтони“ со картата на голема Албанија со територии од Македонија, Србија, Црна Гора и Грција се вееше на плоштадот во Тетово, на манифестација организирана од градоначалникот на Тетово Билал Касами на која беше и косовскиот премиер Албин Курти.
Оваа нагласување дека Албанците се староседелци на овие простори е особено опасно ако се знае дека официјалната бугарска политика е дека Македонците потојат од 1945 година и дека се творба на Тито и Коминтерната.