„Дали со фалсификат СЕ ИСПЛАЌААТ СУБВЕНЦИИ ЗА ПЧЕЛНИ СЕМЕЈСТВА кои се на хартија, ВО РЕАЛНОСТА ГИ НЕМА?“

Дали на повидок е невиден скандал и криминал во министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, прашува порофесорот Самоил Малчески.

Тој вели дека анализирајќи ги податоците кои Државниот завод за статистика ги публикува во Статистичките годишници дошол до податок кој треба да е предмет на сериозна истрага и може да укаже на сериозна корупција во Министерството за земјоделите, шумарство и водостопанство.

Имено навидум во 2021 и 2022 година почнува да цвета пчеларството во Република Македонија. Имено од околу 73000 до 96000 пчелни семејства за периодот 2015 до 2019 година, наеднаш сме добиле од 230000 до 312000 пчелни семејства за периодот 2016-2021. Растот продолжува и откако во 2022 година Љупчо Николовски станува Министер, па се до ден денешен!

Станува нејасно зошто во 2016 година според Статистичките годишници за 2019 и 2020 година сме имале околу 81000 пчелни семејства, а во Статистичкиот годишник за 2021 година (кој се публикува во 2022 година кога Љупчо веќе е Министер) за истата година, мислам на 2016, имаме друг податок и тоа околу 240000 пчелни семејства .

Исто корегирање, да не речам фалсификување имаме и за 2017, 2018 и 2019 година!

Се поставува прашањето како во 2021 и 2022 година, во Статистичкиот годишник за 2021 и 2020 година, стручњациве од власта утврдиле дека во 2016, 2017, 2018 и 2019 година сме имале повеќе пчелни семејства? Како може ретроактивно да се корегираат бројките?

Дали ова е согласно правилата на ЕУРОСТАТ?

Дали Апостол Симевски не само што фалсификува попис, фалсификува и Статистички годишници? Сите ние кои работиме или се занимаваме со статистика, податоците публикувани во Статистичките годишници ги користиме како основни сетови на податоци во нашите анализи! Дали на овој начин се доведува во прашање веродостојноста на публикуваните податоци? Притоа, со години се занимавам со статистика, вакво корегирање, да не речам фалсификување немало никогаш!

Дали на овој начин и со ваков фалсификат се исплаќаат субвенции за пчелни семејства кои ги имаме само на хартија, во реалноста ги нема? Каква е улогата на МЗШВ и на Љупчо Николовски во оваа можна злоупотреба на буџетски средства?

Дали ваквиот фалсификат се дел од „европски манири“ на владеачката врхушка?

Дали ОЈО ќе покрене истрага по допрен глас или после 8ми мај ќе си лежите, сите инволвирани, топтан? – прашува тој на фејсбук.

https://www.facebook.com/story.php?story_fbid=10161990025632565&id=534002564&mibextid=oFDknk