Веднаш да нагласиме дека кадрите може да бидат вознемирувачки за некои читатели.
На почетокот, се гледа автобус како доаѓа на станица, окован во снег. Прво излезе една госпоѓа, а потоа и едно момче.
Вратата се затвори и му зафати дел од чантата, така што не можеше да ја откачи.
Возилото тргнало и почнало да го влече несреќното дете, кое избезумено се бори да остане на нозе. Не успеал и по десетина метри паднал на земја.
Имал среќа што не завршил под тркалата на автобусот, а наводно за време на инцидентот се здобил со скршеница на раката.