Бебе со скршеница криено од родилката на скопска Гинекологија, обвинува семејството

Родилката Анета Дамјановска, која била породена вчера, не можела да си го види бебето до денеска оти докторите не и дозволувале. Ова за „Скопје1“ го раскажа нејзиниот сопруг Благојче Дамјановски. Тој посочува и дека бил избркан од Клиниката за гинекологија и акушерство кога, како и сите родители, побарал да си го види своето бебе. Според неговите кажувања, по низа инсистирања, само мајката успеала да отиде кај бебето, кога и било и кажано дека тоа има скршена рака.

Викторија Јовановска, директорката на Клиника за гинекологија и акушерство потврдува дека бебето не било дадено на мајката да го види, како и дека има скршеница на раката. Според неа, тоа бебе било на опсервација, а додека трае посматрањето и утврдувањето што се случува, редовна процедура е да не се споделуваат информации со мајката. Јовановска најави формирање на Комисија во рамки на Гинекологија, која ќе утврдува дали има грешка при постапувањето на медицинарите.

Викторија Јовановска, директорката на Клиника за гинекологија и акушерство потврдува дека бебето не било дадено на мајката да го види, како и дека има скршеница на раката. Според неа, тоа бебе било на опсервација, а додека трае посматрањето и утврдувањето што се случува, редовна процедура е да не се споделуваат информации со мајката. Јовановска најави формирање на Комисија во рамки на Гинекологија, која ќе утврдува дали има грешка при постапувањето на медицинарите.

„Комисијата треба да го разгледа целиот случај. Треба да види што ќе каже гинеколошката екипа, а што педијатриската екипа, да се утврди што и како се случувало. Случајот мора да се провери, секогаш кога родителите не се задоволни, односно кога реагираат и кога има немил настан. Секогаш на тие истории се прават проверки за да се види да не има грешка кај персоналот“, вели директорката Јовановска за „Скопје1“.

Таа посочи дека утринава дознала за случајот.

„Кога отидов за првото бебе, видов дека се вознемирени педијатрите затоа што бебето имаше оток на раката. Не можеле да превидат дека има фрактура на надлактица, бидејќи не може секое бебе на рендген да се носи. Ризикот од фрактура на таква положба (било попречно поставено, а претходно карлично) – јас сега им се јавив. Кога треба да се извади бебето на царски рез, ставаат (н.з.) и излегува раката. Сега не може за рака да го влечат. Секако мора да ја вратат раката назад, а родилката и претходно била со царски рез, имала повеќе можни ризици – тоа се случува. Сега, не се случува често но тоа е предивдена компликација со таква положба дека може да настане фрактура“.

Сепак, медицинарите и кажале на директорката дека не било тешко враќање на раката на бебето, како процедура која е според протокол предвидено, за потоа да биде родилката породена.

„Детето немало оток. Мислеле дека е пареза (нарушување на мускулни движења н.з.) на раката, а кога се појавил оток одма е направен рендген“, додава директорката Јовановска за „Скопје1“.

„Не е дека детето не било дадено на родителите, туку децата кои што се под опсервација, а кои имаат некаков проблем, за да не ги вознемируваат мајките – тоа се прати и затоа не им ги носат кај мајката. Пратат дали нешто понатаму ќе има. Замислете на некоја мајка да ѝ кажете ‘ние се сомневаме дека тоа дете дека раката не се движи како што треба’. Знаете ли која е паника е?“, посочува Јовановска.

На забелешката дека со криењето на информации се создава недоверба кај институцијата, директорката посочува дека Клиниката за гинекологија работи по сите протоколи.

„Дека нешто некогаш се случува, тоа се случува секаде, не само кај нас. Тоа се предвидени компликации. Ниту педијатрите не знаеле што се случува, бидејќи немало оток, тој се појавил денеска. Повеќе деца не се дадени на мајките ако треба да бидат на опсервација, на посматрање. Откако ќе се утврди се информираат родителите“, додава Јовановска.