Oсновните прехранбени производи и пијалаците со замрзнати цени до 31 јануари

Цените на основните прехранбени производи, водата, негазираните и газираните пијалаци и пивото остануваат замрзнати до 31 јануари, одлучи Владата.

Одлуката е донесена на вчерашната владина седница на предлог на Министерството за економија и, како што се наведува во соопштението, е во интерес на граѓаните поради претстојните новогодишни и божиќни празници.

-Според владината одлука, донесена на предлог на Министерството за економија, ограничувањето на цените на повеќе производи во трговијата на мало, коешто беше со важност до 31 декември, се продолжува до 31 јануари. Станува збор за белиот ориз, пченично брашно – тип 400 и 500, бел и полубел леб и одделни пекарски производи, одредени видови бисквити, наполитанки, тестенини, месо и производи од месо, јогурт и млечни производи и свежи јајца од кокошка, се наведува во соопштението.