Ќосето до убијците на Вања: Само тука да ве донесат…

Тројца осомничени соизвршители во грабнувањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски веќе се во Истражниот затвор во Шутка, каде првично ќе бидат задржани 48 часа, а по поднесувањето на конкретната кривична пријава, ќе биде одредена и нова мерка притвор.

Додека македонската јавност сè уште чека многу одговори на нејаснотиите кои го следат овој случај, од затвор до монструмите пристигна порака:

Само тука да ве донесат, најубава пресуда ќе имате!, им порача Горан Андонов – Ќосето.