Јаневска: Институциите мора да направат повеќе за лицата со попреченост, владата на ВМРО-ДПМНЕ се обврзува да направи се во можностите да им го подобри животот на овие лица

Општеството треба да стане свесно за потребата од инклузијата на различностите, институциите да преземат обврска и да покажат поголем активизам за да може да се постигне некаква цел која навистина ќе им го подобри животот на овие луѓе, изјави претседателката на Комисија за образование на ВМРО-ДПМНЕ, Весна Јаневска на денешната трибина на тема „Инклузивно образование во Република Македонија, состојби, предизвици и перспективи“ по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост

Јаневска истакна дека за да се остварат правата на луѓето со попреченост треба да се остварат неколку услови меѓу кои достапност, образование, вработување и учество во социјални и културни настани.

– Една од најважните елементи за овие луѓе е образованието и затоа денес го одбележуваме овој ден, затоа што образованието на овие луѓе треба да биде рано препознаено за да им се овозможи и прилагоди. Освен еднакви можности за образование, опфаќа и достапност, но и модифицирани материјали и услови за да можат да стекнат знаење, вештини компетенции. Покрај тоа треба да им се понудат индивидуални програми и трансфер од еден во друг степен на образование, рече Јаневска.

Јаневска нагласи дека сепак, ништо од тоа не може да се направи ако нема доволно специјализирани луѓе и експерти од таа област кои се потребни да работат со овие лица.

– Мора да се зголеми видливоста за потребите на овие луѓе. Свесност, разбирање, волја, поддршка и борба и желба да направиме нешто добро во ова општество. Ова што е најважно е и поддршка на хероите родители на децата без оглед на која возраст се наоѓаат за да заедно со нив направиме посреќен ден на овие деца, изјави Јаневска.

Јаневска посочи дека Македонија има направено прилично но тоа никогаш не е доволно.

– Мора да се преземаат повеќе чекори. Она што сите треба да го знаат дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ се обврзува да направи се што можно во можностите кои оваа држава може да ги понуди на целото општество да го подобри животот и чувството на благосостојба на овие лица, истакна Јаневска.