Чулев: И судството под контрола на СДС и ДУИ, не успева во целост да го скрие криминалот направен од функционерите на власта
И судството кое е целосно под контрола на СДСМ и ДУИ, не успева во целост да го скрие криминалот направен од високите функционери на власта. Одбиена тужбата на Васко Ковачевски со која тој тврдеше сум направил „клевета“ против него, вели Наќе Чулев.
-На задоволство на Јустиција, Апелациониот суд од Скопје ја потврди првичнита пресуда на Основниот суд од Скопје со која беше одбиена тужбата против мене поднесена од страна на поранешниот директор на РЕК Битола и ЕСМ, Васко Ковачевски за наводна граѓанска одговорност за клевета. Ниту судството контролирано и кое целосно работи под диктат на владеачките партии, не може да ги скрие криминалите направени од страна на функционерите на СДСМ и ДУИ. За дел од незаконските активности веќе има поднесени кривични пријави, кои наскоро по доаѓањето на ВМРО ДПМНЕ на власт ќе бидат соодветно процесуирани, вели тој.
Чулев потенцира:
„Во случајот станува збор за кривична пријава за прес конференција која ја одржав во Битола кога потенцирав, а денес ја потсетувам јавноста, дека поранешниот директор на РЕК Битола Васко Ковачевски, вршел притисок, односно изнуда врз фирма која добила тендер во државната РЕК Битола, дел од договорот да отстапи на друга фирма која е блиска до СДСМ, а која немала капацитет ниту технички средства да ја изврши работата. Притоа, од страна на поранешниот директор бил побаран поткуп од 250 илјади евра и закана дека доколку не биде даден поткупот и отстапен дел од договорот, компанијата ќе се соочи со пречки да не може да го реализира договорот“.