Толоманоски експресно разрешен од месниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, ќе се бара оставка од училиштето
По пријавата од МВР за поседување на наркотични средства Александар Толоманоски е веднаш разрешен од местото претседател на месниот комитет Пештани во Охрид, соопштија денес од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека тој во најитен рок ќе биде и исклучен од партијата.
Додаваат и дека градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков од директорката на училиштето каде Толоманоски работел ќе побара поведување на дисциплинска мерка за прекинување на работниот однос.
ВМРО-ДПМНЕ остро се спротивставува за секое незаконско однесување и постапување без оглед на политичка, верска или било каква друга припадност.
СДСМ наместо евтин популизам и двојни стандарди нека побара од Спасовски до крај да го расветли двојното убиство кое ја потресе јавноста, како и да повика на одговорност за задоцнетата реакција со трагичното киднапирање и смрт на малата Вања,порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.