Стоилковски: Срамот во судството не застанува, ако СС незаконски разрешува претседател, што останува за обичниот граѓанин којшто бара правда

Срамот и хаосот во македонскиот таканаречен правен систем, препознаени и надвор од Македонија, не застанува, рече на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Случајот со Весна Дамева и одлуката на Управниот суд покажува само дека, ако во Судскиот совет се разрешува претседател, ако се работи незаконски и се носат одлуки спротивно на пишаните норми, што останува за обичниот граѓанин, којшто бара правда пред било која истанца на македонското судство. Разрешувањето на Дамева, претходната оставка заради нагласена политички- бизнис притисоци врз Црвенковска, изборот на претседател на Советот по Дамева, и сега одлуката на Управниот суд, во очите на домашната и меѓународна јавност се опишуваат со македонската “Од шупливо- во празно”, истакна Стоилковски.

Да имаат грам достоинство, членовите на судскиот совет веднаш би требало да си поднесат оставка, вели Стоилковски.

Ова нема крај, препознаени се истите игри и врз Врховниот суд, закани за разрешувања, коишто носат дополнителен немир и несигурност кај граѓаните, но и аларм кај меѓународната јавност. Никогаш не било полошо. Хаосот во судството е резултат на владеењето на ДУИ и СДС, резултат на политички одлуки и пишување на закони во партиски штабови по мерка на криминалот. За оваа ситуација директно одговори се СДС, ДУИ, Ковачевски и Пендаровски. Тие и нивните пратеници ги бираа главните актери во оваа сапунска серија, за што постои и признание од страна на Пендаровски, дециден е Стоилковски.

Се додека СДС и ДУИ се на власт, Македонија нема да има независен правосуден систем. Никогаш не било полошо, Важно е да ги поразиме! Порача Стоилковски.