Сајбер безбедноста на владата ЌЕ ЈА БРАНИ ФИРМА БЕЗ НИТУ ЕДЕН ВРАБОТЕН!

Пред дваесетина дена на сметката на фирмата Крејон Македонија од Скопје, на улица Мирче Ацеб број 2, Владата исплатила близу 6 милиони евра, по новиот Договор за сајбер одбрана за јавната администрација.

Сајбер одбраната што ќе ја плаќа Владата за јавната администрација во наредните три години ќе чини 25 милиони евра, наместо досегашните 15 милиони.

Набавката на софтверски лиценци и сервиси, што е една од цените што треба да ја плаќаме како 30-та членка на НАТО, ќе не чини 1.520.343.083 денари што во наредните 36 месеци ќе му се исплаќаат на конзорциумот Крејон Македонија – Аитоникс.

Новиот договор склучен со Владата и истовремено објавен на електронскиот систем за јавни набавки е значително поскап во однос на претходниот постигнат пред три години со истото партнерство. Тогашниот договор чинеше 900 милиони денари, односно 15 милиони евра, а Владата им ги исплаќаше овие пари на Аитоникс и на Крејон дел по дел.

Понудата не била најниската. Имало и таква за 22,7 милиони долари. Останати понудувачи биле Комтрејд Дистрибуција, Softwareone AG и Телелинк бизнис сервисис.

Крејон Македонија е фирма без ниту еден вработен. Аитоникс е компанија во сопственост на Јордан Димитровски. Крејон групацијата е партнер на Мајкрософт, а АД Аитоникс е нивни партнер и дистрибутер во Македонија.

Минатиот договор за сајбер одбрана го потпиша претходниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, непосредно пред да ја напушти функцијата.

 

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.