Пендиков СЕГА БАРА И ПРОМЕНА НА МАКЕДОНСКИТЕ УЧЕБНИЦИ да не биле Бугарите фашисти
Христијан Пендиков откако стана Бугарин, сега се зафати и со историските прашања, па бара и промена на учебниците во Македонија.
Тој покрај тоа вчера во телевизиско гостување изјавил дека има закани за напади врз македонски државјани со бугарска самосвест во Македонија и додал дека заканите ги пријавуваат во полиција, но Основното јавно обвинителство не преземало ништо.
-Ова им сигнализира на авторите на заканите дека се заштитени и дека никој не ги проследува пријавите, а жртвите се игнорираат, изјавил Пендиков во емисијата „Брисел 1“ на бугарската телевизија „Bg on Air“.
Тој побарал од официјалните бугарски власти правна заштита за Бугарите во Македонија.
По повеќе од една година по пукањето врз сега згаснатиот клуб во Охрид, Пендиков изјавил никој не е уапсен и дека немаат информации од македонската полиција.
-Ја поднесов пријавата, ме повикаа да сведочам, им дадов видео од камерите каде што се гледа дека се пукало од автомобил. Фала богу немаше жртви, но можеше да има. Само неколку минути претходно имаше луѓе во клубот, рекол Пендиков.
Според него образовната програма во Македонија мора да се смени. Како што истакнал тој во интервјуто, „мора да се земе предвид светската историја за да се знае дека Бугарите не се фашисти, како што се претставени во земјава“.
-Мора да се учи историската вистина, а не лажна историја која влева лоши чувства кон Бугарите. Кога детето оди во прво одделение низ историјата почнуваат да му влеваат омраза кон Бугарите. На 11 година веќе имаат вродена омраза кон Бугарите. Ова се случува затоа што учиме невистини. Ако ја учиме историската вистина во РСМ, нема да има проблем со омразата. Сакаме да учиме историја како што се учи во сите земји во светот, а не само ние да ја научиме токму спротивната историја по обратна образовна програма, изјавил меѓу другото Пендиков.
Христијан Пендиков беше претепан пред кафе-бар во Охрид на 19 јануари годинава. Случајот предизвика тензии во односите меѓу Софија и Скопје, а по неговото лекување во Бугарија, Пендиков доби и бугарско државјанство.
По претепувањето, тој со авион испратен од бугарските власти беше пренесен на операција на ВМА во Софија – со скршена вилица и повреди на ребрата и градниот кош.
Против него се води предмет во охридското обвинителство поради омаловажување на македонскиот народ и Македонија.