Охридско езеро ПОВТОРНО ДОБИ НОВОГОДИШНА ЕЛКА

Нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид со поддршка на волонтерите на Општинската организација на Црвениот крст и оваа година ја накитија новогодишна елка.

Тие заеднички потоа елката ја поставија во водите на Охридското Езеро пред Музејот на вода кај Градиште.

Оваа година китењето и поставувањето на елката под вода е посветена на децата со ретки болести со желба за здравје, успех и среќно детство.

Посетителите на Музејот на вода елката под вода ќе можат да ја видат до крајот на јануари.