Охридски хотел ги затрул гостите со хлор – две деца и петмина возрасни во болница
Труење со хлор во елитен хотел на брегот на охридското езеро.Петмина возрасни и две малолетни деца откако го користеле затворениот хотелски базен манифестирале знаци на труење .Дел од нив завршија во болница во Охрид а дел беа препратени во Струга од каде велат дека се во добра здравствена состојба по земените соодветни испитувања и дадената терапија се пуштени на домашно лекување.
За случајот се известени јавен обвинител, претставници на санитарна и здравствена инспекција, Центар за јавно здравје и трудова инспекција, а увид извршија полициски службеници од СВР Охрид.
Од охридската полиција велат дека се работи на расчистување на случајот.
Извор: ТВ Сител