ОБСЕ заврши, парите потрошени за завеси и свежи цвекиња уште се бројат
Една недела по завршувањето на Самитот на ОБСЕ се уште се прават пресметките колку ги чини граѓаните организацијата на овој најголем настан.
Сите што беа во салата „Борис Трајковски“ може да видат дека таа беше опремена со свежи цвеќиња, завеси, драпери, паравани, маси и столови. За оваа декорација на фирмата „Еуровиа“ која е донатор на ДУИ и беа платени 1,8 милиони евра.
Се уште нема информации каде ќе заврши опремата која беше наместена, дали таа ќе биде во сопственост на државата или ќе си ја земе фирмата која ја декорираше.
Покрај за салата, МНР како организатор на настанот потпиша договор од 900.000 евра за изнајмување на возила.
Договорот со „АБЦ рент а кар“ чинеше 900.000 евра а од она што можеше да се види на Самитот најголем дел од возилата беа „Пасат“ и Хјундали и30“ чие изнајмување не чини повеќе од 300 евра на ден.