„КОГА СИ ТАЖЕН СЕТИ СЕ НА НЕСРЕЌНАТА ЕЛКАТА ВО СКОПЈЕ“: Нема престан на мајтапот: Цел регион удри по кривата новогодишна елка во Скопје, ова го нема ниту на Алиекспрес (ФОТО)
Тие пренесуваат коментари од граѓаните на Скопје кои се објавуваат по социјалните мрежи дека не се задоволни со елката поставена на плоштадот „Македонија“.
Скопската новогодиша елка е мета за подбивање шега. Во новогодишните приказни ја сместија и медиумите во соседството. Тие пренесуваат коментари од граѓаните на Скопје кои се објавуваат по социјалните мрежи дека не се задоволни со елката поставена на плоштадот „Македонија“.
Новогодишната елка во Скопје им послужува како репер на медиумите во текстовите за да ги утешат нивните граѓани дека има и полошо издание од китењето во нивните градови!
Скопската елка стана позната токму поради тоа што изгледа грдо и недовршено. Впечаток е дека не е ни целосно украсена, а згора на сè е и искривена“, пишува српска Нова.
„Кога си тажен, сети се на несреќната новогодишна елка во центарот на Скопје“, вака еден од најпопуларните српски портали Nova.rs ја опишува елката во главниот град на Македонија и додава дека сите сакаат да се сликаат со „несреќната елка“ која иако недовршена е вистинска атракција на социјалните мрежи.
„Б92“ пишува дека „Туристите од целиот свет се исмеваат на новогодишната елка во Скопје: Ужасна, грда на прв поглед“.
Српски Телеграф пишува дека „Регионот удри по новогодишната елка во Скопје: Ваква нема ниту на Алиекспрес, туристите трчаат да се сликаат“.
Во меѓувреме гори и Твитер заедницата во регионот, но најмногу Македонските граѓани со денови пишуваат за новогодишната елка.
Свекрвата пак е била пијана.
Кога си пијана не се украсува елка Данелооо. pic.twitter.com/V9TCiDaz87— MakeDonkаtaа.🇲🇰❤️🇲🇰 (@tyo88x) December 18, 2023
Голем број на туристи од цел свет почнаа да пристигаат во Скопје за да се сликаат со кривата елка. Во хотелите се бара кревет повеќе pic.twitter.com/YrkiKvRoYQ
— 👌100Marki👌 (@100deutschemark) December 18, 2023
Кривата елка во Скопје ❤ pic.twitter.com/GTjqJ9gX3g
— 👌100Marki👌 (@100deutschemark) December 18, 2023
Најубавата елка си ја има Скопје pic.twitter.com/mfPML0WQKj
— Бог да чува 😁 (@prostilk) December 19, 2023