„НА БАРАЊЕ НА ДУИ постапил инспекторатот за крстот на Шапка“

Јавноста веќе се измори од игрите на СДСМ и ДУИ и секојдневното подгревање на тензиите околу состојбата со крстот на Попова Шапка и постојаниот повик до нас дека ние сме биле криви. Г-ѓа Фаница Николовска и СДСМ најпрво треба да престанат да се брукаат кога повикуваат на смиреност и намалување на тензиите, кога добро знаат дека токму тие ги предизвикуваат, вели Ангел Карапетров координатор на советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Тетово.

Одлуката за уривање на крстот не е одлука на БЕСА и ВМРО, туку одлука на Општинскиот инспекторат, кој постапи по барање на коалиционен партнер на СДСМ, ДУИ. Јавноста добро памети дека нивниот партнер ДУИ уште дента кога се постави крстот реагираше како да се случило нешто најстрашно.

Доколку убаво го слушале раководителот на Инспекторатот кој рече дека решението ќе се спроведе кога ќе дојде на ред, односно после 5000 други нелегални објекти , меѓу кои и џамијата на Попова Шапка, ќе знаат дека такво нешто нема да се случи.

Господата од СДСМ се многу бучни за крстот, но никаде ги немаше кога се градеше џамијата, токму во време кога тие бие лонче и капаче во тетовската локална власт заедно со ДУИ.

Крајот им се гледа, но апелираме нервозата да си ја задржат барем во овие празнични денови, кога јавноста сака мир, сплотеност и убави мигови со своите блиски, напиша тој.