НАЈМНОГУ ДРЖАВНИ ПАРИ ЗА НЕВЛАДИНИ од еден регион
Невладините организации кои добиле пари од владата се доминантно лоцирани во региони каде живеат Албанци, пишува Експрес.
Тие пишуваат дека ова го открива мапата направена врз основа на местото на регистрација на добитниците на државни пари од министерството за политички систем кое го води Артан Груби.
Според владината одлука 33 непознати за пошироката јавност граѓански организации на 6 месеци пред избори добиле по 10 илјади евра за чудни проекти од владата во ист ден.
,,Одлука за финансирање на #ГО од Министерство за политички систем. Донесена и објавена во Службен Весник во ист ден (19.12.23)! Сите побарани и одобрени буџети 600.000 мкд за сите организации! Концентрација во еден-два региони! Дали е доволно за постапување на ДКСК, ЈОРМ, КСЗД, ПБПК”, пишува Сашо Клековски човек кој речиси 3 децении е дел од невладиниот сектор и одлично ги познава невладините организации а кој не важи за националист.