„Надлежните очигледно ја насочуваат јавноста кон некои информации, а реално не знаеме ништо“ вели судски вештак за убиствата на Вања и Панче

Специјалистот по судска медицина и судски вештак од Србија, д-р Љубиша Божиќ во утринската програма „Редакција“ на српската „ТВ Курир“ ги анализираше двете убиства кои го потресоа регионот – оние на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски.

Ние всушност не знаеме ништо. Па, апсолутно, мислам, буквално владее незнаење, односно имаме многу малку информации во однос на целиот настан и се плашам дека службените лица очигледно ја насочуваат јавноста со тие информации во една, друга, трета насока по којзнае кој пат. За жал, времето ќе го потисне овој настан, смета Божиќ.

Тој се осврна и на најмонструозниот детал од злосторството, односно евентуалната вмешаност на таткото.

Прашање е кое е навистина учеството и која е функцијата на таткото и зошто е во затвор во овој момент. Оваа група сепак има некакво реално објаснување дека е видена и на едното и на другото место, но и за таткото во целата приказна. Ќе треба да излезат со некакви силни докази и да потврдат дека овој човек е вмешан, смета тој.

Откри и што е пресудно во расветлувањето на сите детали за убиствата.

Ако ја гледате целата истражна постапка како една реченица, само една буква, првата буква е голема во таа реченица. А таа голема буква во овие ситуации е – увидот. Значи она што го дефинирале форензичарите. Мора да има податоци за целиот процес, кој каде се движи, а потоа што ќе се најде на лице место. Доколку истрагата не се направи добро, засекогаш се губат многу факти кои би биле повеќе од корисни за вистината, вели вештакот