Лавров од Скопје: Ваш претседател на Собрание имаше албанско знаме во кабинет
Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров денеска имаше една од најпосетените прес-конференции на Самитот на ОБСЕ во Скопје. Тој говореше за двојните стандарди на Западот, за војната во Украина, за однесувањето на Бугарија кон Македонија, како и за Албанците во земјава.
Македонија порано се викаше ФИРОМ што беше многу понижувачки. Сега е Cеверна. Знаеме за што се работи. Од друга страна пред неколку години ваш претседател на Собрание имаше албанско знаме во кабинетот. Не му го памтам името, рече Лавров.