КАДЕ ЖИВЕЕ ДИМИТАР КОВАЧЕВСКИ, во Македонија и Европа секако не. Вели: ИМАМЕ ОБВРСКИ КОН БУГАРИЈА…
Претсдетаелот на СДСМ Димитар Ковачевски повторно се обидува нивните тајни преговори со Бугарија кои ги криеа над година дена од јавноста, и кои завршија со преземена обврска од СДСМ и ДУИ – да се внесат Бугарите во Уставот и да се прифати пакетот за преговори околу постоењето макдонски јазик и идентитет.
Таа обврска СДСМ и ДУИ ја преземаа како трговија – со нејзиното спроведување “странскиот фактор“ да им обебзеди нов мандат на оваа власт без победа на избори. Таа обврска е нивна, и само нивна но, Ковачевски сака сопстевниот ќар да биде платен од сите граѓани – како нивна обврска.
Ковачевски на новинарско прашање што ќе се случи со уставните измени со оглед на тоа што крајот на година е крајниот рок за отворање на поглавјата, посочи дека тие уште се на дневен ред.
-Дневниот ред е изгласан и се отвори дискусија во која што сите граѓани се уверија дека немаше ниту една забелешка (?) во однос на поднесените амандмани. Ако имаше забелешка во однос на поднесените амандмани, дискусијата уште ќе траеше. Амандманите беа подготвени од страна на врвни експерти во Комисијата формирана од Владата преку Министерството за правда, а имаше дополнително и претставници на политичките партии. Единствено опозициската политичка партија не сакаше да учествува. Тие всушност не сакаат да учествуваат во ниту еден процес. Тие не учествуваат ниту во тоа што им е работа, изјави денеска Ковачевски по посетата на фабриката „АТС АММО“ во Македонски Брод.
Тој останува на ставот дека по 31 декември процесот не се затвора. Како што рече, тој процес е отворен и ќе биде отворен се додека не биде реализирана обврската која што Северна Македонија ја има согласно преговарачката рамка и согласно заклучоците на Собранието, кои се донесени со мнозинство по број на пратеници од доминантниот број на политички партии во државата.
-После таа одлука, следуваат нови одлуки со двотретинско мнозинство. Сите оние кои се против оваа одлука се и против нови одлуки со двотретинско мнозинство … Дента кога ќе станеме членка на ЕУ во 2030 година, ќе направиме настан на кој што нашите граѓани ќе можат да ги соберат пасошите кои што ги имаат земено од други држави за да можат да работат во ЕУ и да им ги вратиме, бидејќи нашиот пасош ќе ги има звездите на ЕУ, рече Ковачевски.
Ковачевски, иако премиер, не ја следи политиката на ЕУ и дебатите во Брисел кои велат дека до 2030 година сигурно нема прием на нови членки, а потоа само ако претходно завршат реформите во ЕУ кои не се ни во најава… Патем, како да не знае дека по усѕтавните промени кои нема да се случат во овој мандат следи исполнување на барањата на Бугарија за релативизација на макеоднскиот јазик и идентитет.
“Никој нема забелешки за тие уставни промени“ вели Димитар Ковачевски кој, освен што не следи што се случува во ЕУ, не следи ни што се случува во Македонија.