Истиот лек, во Германија 310 денари, во Македонија 970 денари!

Ова е лекот Ко Росвера од 20 мг и 10 мг. Го препишуваат главно кардиолозите, а служи за одржување на ниско ниво на холестеротот и за спречување на процесот на создавање тромбови.

Лекот нашироко се употребува, но во Македонија тој не е на позитивната листа на лекови, па го плаќате приватно. Еден скопјанец, кој очигледно го употребува, навел дека неговата цена е 970 денари во пакување од 30 таблети. Според него, истиот лек во Германија, ќе го платите 310 денари ако имате рецепт, а без рецепт 1 100 денари. Со тоа што во Германија добивате пакување со 100 таблети, а кај нас со 30.

Во Бугарија, според него, лекот на приватно чини само 650 денари, што е неверојатна разлика во однос на Македонија.

Инаку, истиот лек го има и со 40 мг и 10 мг, а во Македонија исто така морате да го платите целосно и чини 1 240 денари сеедно во која аптека ќе го купите.

Разликата можете сами да ја забележите. Не само што нр е јасно зошто овој лек кај нас не е на позитивната листа, туку е сосема нејасно зошто тој е поефтин во Бугарија, зошто во Германија за разлика од кај нас чини само 310 денари со лекарски рецепт, и зошто лекот со 40/10 мг чини фантастични 1 240 денари.

Инаку, во синдикалната кошничка која се објавува секој месец и која сега чини некаде околу 46 000 денари, за здравство, што ги опфаќа и лековите, се предвидени само 821 денари. Овој скопјанец, само за еден лек плаќа над 100 денари повеќе, што значи дека според ССМ, тој откако ќе го купи овој лек, не смее да купи ниту една таблета аналганин, бидејќи ќе ја надмине сумата од синдикалната кошничка.

Патем, на страниците на Денешен неколку пати тврдевме дека таа синдикална кошничка ни оддалеку не е реална, ама тоа засега не предизвикува промена.

Останува дилемата: која е границата на алчноста на нашите фарамцевтски компании и колкава е неспособноста на МЗ и ФЗО, односно на Владата, кога еден лек кој има широка употреба, не е на позитивната листа, иако веројатно и во таа ситуација, ќе платие 50 отсто од цената, а не 10 или 20 отсто.

Можете да замислите каква е состојбата кога овој лек ќе му биде препишан ан некој пензионер кој има 12 000 денари пензија. Опцијата е јасна – или ќе гладува или нема да го купи лекот и ќе умре од срцев удар откако организмот ќе создаде некој тромб.

Ова пакување чини 7,46 евра со рецепт или околу 450 денари за 100 таблети, далеку поефтино отколку кај нас. Во Бугариј е меѓу 17 и 21 лев, односно меѓу 8,5 и 10,5 евра.