Зошто се крие дека Палевски физички ги малтретирал бившата сопуга и ќерката? МВР, на линија сте?

 

Насилството не му било непознато на Љупчо Палевски, кој сега е осомничен за киднапирањето и убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Ова го покажува неговото криминално досие. Во една од судските пресуди, се чини дека судот утврдил дека тој извршил семејно насилство пред седум години.

Не постои пресуда со која Палевски е осуден на каква било казна, туку добил само привремени мерки, забрана за приближување до пријавениот за насилството.

„Истовремено, со изрекувањето на привремени мерки ќе се отстранат причините за натамошно семејно насилство врз барателот и ќе се придонесе за похармоничен живот“, се наведува во одлуката.

Според сведочењето, Палевски долго време ги малтретирал бившата сопруга и родената ќерка. Сведокот посочува и дека лично го видел контроверзниот Палчо како удира, плука и навредува. Во тој момент дошла и полиција, а член на семејството со видливи хематоми бил пренесен во болница.

Ова е единствената судска одлука против Палевски за насилство, но не и кога станува збор за пари, покренати се неколку постапки во врска со долговите.

Палевски сега е во екстрадиционен притвор во Турција. Македонија бара негова екстрадиција за двојно убиство.

МВР, се слушаме?