Вог ги избра најдобро облечените славни личности за 2023 година
Едно од најугледните модни списанија во светот, Vogue, традиционално на крајот на оваа година ја објави својата листа на најдобро облечени познати личности. Многу познати трендсетерки и ѕвезди не воодушевија со своите впечатливи и иновативни модни комбинации и докажаа дека се вистински стилски икони.
Една од нив беше младата актерска ѕвезда Тејлор Расел, која го најде патот до медиумското внимание благодарение на улогата во филмот на Лук Гвадањино, „Bones and All‘“. Веќе по едно од нејзините први појавувања на црвениот тепих во Венеција, модниот свет го забележа нејзиниот потенцијал.
Освен неа, оваа година се истакна американската актерка и модел Хантер Шeфер со својот специфичен моден стил. Шефер, која се прослави со улогата во серијата на HBO „Еуфорија“, го привлече вниманието со феноменалниот стајлинг на премиерата на филмот „The Hunger Games: The Ballad of the Songstress and the Serpen“ во Лондон. Имено, актерката носеше металик златна комбинација на Прада, која се состоеше од градник, болеро и макси здолниште. Подоцна таа воодушеви и на премиерата во Лос Анџелес кога се одлучи за блескав фустан украсен со реси и светкави елементи кои беа еден од најголемите „it“ детали во креациите оваа година.
Aко никогаш не очекуваме ништо помалку од Ријана, оваа година таа апсолутно не освои со својот моден избор. Имено, каде и да се појави, 35-годишната пејачка е едноставно воодушевувачка. Така таа уште еднаш го покажа својот префинет моден вкус на претставувањето на нејзината колекција Fenty x Puma, а главна ѕвезда на нејзиниот аутфит беше необична виолетова јакна која изгледа како парче 2 во 1, односно како да сошила луксузен виолетова бунда на врвот на кожената јакна. Интензивната виолетова боја одлично се совпадна со нејзините патики Creeper Phatty Puma кои таа ги дизајнираше. Покрај оваа интересна комбинација, Ријана воодушевувала со своите комбинации и кога била бремена. Од гламурозна и сензуална до класична лежерна, таа уште еднаш покажа зошто е позната како една од најголемите стилски икони.
Кендал Џенер е трендсетерка и модел која никогаш не не разочарува кога е модното изразување во прашање. Тоа секако го препозна и самиот Вог кој ја смести на листата на најдобро облечени оваа година. 28-годишната членка на кланот Џенер-Кардашијан воодушеви со своите стилови, од долгиот полупроѕирен црвен фустан на модната куќа Фенди, во кој изгледаше сензационално, до лежерните спортски изданија кои постојано ги носи без промашување.
Откако Бијонсе ја започна својата турнеја „Ренесанаса“ во мај оваа година, поп дивата донесе уникатни сребрени комбинации на сцената. Носејќи комбинации на Mugler, Alexander McQueen и Balmain специјално дизајнирани само за неа, стилот на пејачката оваа година се одликуваше со гламур, металик сјај, светки и други светкави елементи кои се покажаа како еден од задолжителните детали на сезоната.