ВЛАДАТА ДА ПРОГЛАСИ ДЕН НА ЖАЛОСТ, последните години делуваат класични мафијашки организации и станаа недопирливи
Демократскиот сојуз до семејството на Вања Ѓорчевска изразува длабоко сочувство и жалење за трагедијата што се случи.
ДС бара темелна истрага и расчистување на сите аспекти во врска со грозоморното убиство на Вања Ѓорчевска, како и ликвидацијата на Панче Жежовски.
-Инаку, последните неколку години во Македонија делуваат класични мафијашки организации под заштита на партиите на власт поради што тие станаа недопирливи. Познати криминалци се фотографираат со функционери на СДСМ и ДУИ и се користат во изборни активнисти. Поврзаноста на политиката и мафијата ги пасивизира клучните државни институции, затоа криминалците збеснаа и станаа недопирливи, велат од ДС.
Последниот крвав настан, додаваат од таму, се случи во време кога се одржуваше конференција на Советот на ОБСЕ, во Скопје и во услови на преземни највисоки мерки на безбедност.
-Но, овој криминален чин покажа дека мерките биле фрлање прашина во јавноста. Очекуваме сите вклучени во овој криминален настан да понесат одговорност. МВР, ЈО И СУДОТ мора да работат ефикасно,одговорно и законито, без какви било пропусти и оправдувања. Бараме Владата да прогласи Ден на жалоста, а лидерската средба да се одложи, порачуваат од партијата на Павле Трајанов.