Снимки од вселената за големото невреме што пустоши низ Европа (ВИДЕО)

Киаран предизвика еден смртен случај и во Холандија кога дрво падна врз лице во југоисточниот град Венреј во близина на границата со Германија, соопшти полицијата.

Објавени се сателитски снимки од формирањето и движењето на невремето над Европа.

Паѓањето дрвја повреди луѓе на неколку други места, вклучително и една жена во Хаг, соопшти полицијата. Велосипедистите биле погодени од паѓање на гранки и дрвја. Во Франција две лица загинаа, а 15 се повредени, меѓу кои седум пожарникари, изјави министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин. Возач на камионот загинал кога удрил во паднато дрво. Во Авр, еден човек бил фатен во налет на ветер додека ги затворал ролетните на прозорецот и починал.

Околу 1,2 милиони домаќинства останаа без струја, а стотици илјади се исклучени од мрежата на мобилни телефони. Во некои региони ветерот достигнал брзина и до 200 километри на час. Соборените дрвја ги блокираа патиштата и железничките пруги. Причинета е значителна материјална штета. Поради невремето откажани се стотици летови. Возовите од и до Париз, исто така, не сообраќаа, а е погоден и превозот.

Силни ветрови дуваа и низ планините Харц во централна Германија, убивајќи една жена откако ја удрило дрво што паднало, соопштија пожарникарите во градот Гослар. 46-годишна жена од Баварија планинарела со сопругот и двете мали деца на 600 метри високата планина Рамелсберг кај Гослар кога починала. Невремето, исто така, урнало далноводи и делумно затворило два автопати во планината Харц, соопштија пожарникарите.

Во централната италијанска област Тоскана, најмалку три лица го загубија животот поради временските предупредувања во голем дел од земјата. Претседателот на Тоскана, Еугенио Џани изјави дека две лица загинале во општина Монтемурло, околу 25 километри северозападно од Фиренца, каде што се излеа реката. Трето лице загинало во Росињано на брегот на Тоскана.

„Никогаш не сме забележале толкаво количество дожд за само неколку минути“, рече Џиани на платформата на социјалните мрежи X, порано Твитер, во раните утрински часови. Дожд и силен ветер се предвидува да се движат кон јужните региони на Италија, соопшти агенцијата за цивилна заштита на земјата.

Вчера Киаран од Атлантикот ги погоди Британија, Белгија и Холандија, а стотици летови беа откажани. Голем дел од северниот германски брег беше под предупредување за невреме пред очекуваното пристигнување на Киаран, според Германската метеоролошка служба (DWD).

Киаран се движеше од Ла Манш кон Северното Море. Бурата особено ги загрозува крајбрежната област на Северното Море на Источна Фризија и северноморскиот остров Хелиголанд, според DWD.

На Балтичкото Море се очекува во повеќето делови да продолжи силниот ветер, но посилни налети се предвидуваат од Фленсбург до Фемарн и островот Риген. Слабеење на ветровите се очекува кон викендот, но невремето и врнежите ќе се задржат.