Новороденче од Прилеп почина на Детска клиника
Новореденче со сепса починало на Детската клиника во Скопје, потврди за МИА директорката на клиниката, Стојка Нацева Фуштиќ.
Таа информира дека новороденчето било е донесено од Прилеп на Детската клиника во тешка состојба, со ирегуларно дишење, било згрижено на Единицата за интензивна терапија, првично со неинвазивна поддршка на респирацијата, а потоа поставено на механичка вентилација.
Детето е поставено на двојна антибиотска терапија, соодветна поддршка, односно корекција на нарушувањата, меѓутоа она што откажува и бубрежната функција, седмиот ден завршува лошо. Според клиничките и биохемиските параметри, се работи за рана неонатална сепса, што се појавува првите четири дена и најчесто, инфекцијата настанува при самото раѓање. Дали е предвремено прснат воденик, дали е од родилните патишта, тука може да се шпекулира … немаме такви податоци. Меѓутоа, кога е донесено на клиниката, веќе има јасни клинички биохемиски знаци за рана неонатална сепса, појасни директорката на Детската клиника.
Мајката на бебето на социјалните мрежи ги сподели случувањата по породувањето, информирајќи дека во Прилепската болница персоналот ѝ рекол дека бебето ќе биде третирано со зрачење заради жолтица, но потоа било препратено во Скопје.
Како што појасни Нацева Фуштиќ, жолтицата е физиолошка појава кај бебињата. Педесет отсто, вели, од бебињата имаат жолтица и таа е најчесто во физиолошки граници.