На овие прашања КОКА КОЛА НЕ ДАВА ОДГОВОР за труењата

Мистериозниот случај на труење со пијалоци од Кока-Кола во Хрватска се уште има голем број неодговорени прашања.

Откако јавноста со три дена доцнење дозна за случајот со труењето во Риека кога маж испил Ремеркеле и заврши во болница со тешки хемиски повреди на хранопроводникот, се појавија десетина нови сомнителни случаи, пишува хрватскиот портал Индекс.

Како што потврди министерот за здравство Вили Берош, шест случаи се регистрирани во Загреб и Вараждин. Од ова, нагласи Берош, се потврди директна поврзаност со конзумирањето на пијалоците од Кока-Кола. За останатите треба уште да се утврди. Добрата вест е што сите шест пациенти се пуштени на домашна нега, бидејќи труењата се полесни.

Продолжуваат да се појавуваат нови случаи

Сепак, е лоша вест што продолжуваат да се појавуваат нови случаи. Пристигна веста дека попладнево во Сплит е хоспитализиран маж откако испил минерален пијалок во кафуле, а се води и случајот од 20 октомври кога маж дошол во Итна помош велејќи дека пред тоа испил минерален пијалок. Наводно, во Карловац е хоспитализиран и еден маж.

Треба да се запомни и дека првото труење всушност е забележано пред половина година, кога на Станко Лаковиќ од Пулјана му изгорел хранопроводот откако испил голтка минерална вода во ресторан. Како што вчера потврди за Индекс адвокатот на Лаковиќ, тој пиел и Ремеркел. Јавноста за тоа дозна дури кога самиот Лаковиќ реши да се појави во медиумите во октомври.

Како што рековме, јавноста не ни дозна за новиот случај од Риека се додека паниката за луѓето со изгорен хранопроводник по конзумирањето производи на Кока-Кола не почна масовно да се шири преку WhatsApp и други апликации. Три дена Кока Кола и институциите молчеа за се и дури вчера притиснати од куп новинарски истраги и паниката што се прошири меѓу народот го потврдија новото труење во Риека.

Coca-Cola тврдеше дека ова е изолиран случај

Coca-Cola излезе во јавноста со две многу кратки изјави во кои случајот го нарече – изолиран. Освен што кажаа дека се „запознати за изолиран случај“, тие рекоа и дека не констатирале неправилности во нивните објекти и дека се „отворени за соработка со надлежните органи“.

Но, случајот не само што не бил изолиран, туку не бил ниту локален. Наскоро во јавноста почнаа да се појавуваат случаи во Загреб и Сплит… Се покажа дека не се работи само за Römerquelle, што се флашира во Австрија, туку и за Coca-Cola, која се флашира во Хрватска. Имено, потврдено е дека млад човек во Загреб бил хоспитализиран откако испил кока-кола што ја купил од автомат на универзитетот.

Што побаравме од Кока-Кола

Поради сето ова, утрово и поставивме на Кока-Кола неколку конкретни прашања.

Прашавме:

Кога точно дознале за случајот со маж кој во саботата бил хоспитализиран во Риека откако го конзумирал пијалокот Römerquelle?

Зошто самите не ја информираа јавноста за тоа, туку излегоа со соопштение само приближно 12 часа по објавувањето на приказната во медиумите?

Како го објаснуваат фактот дека луѓето кои пиеле Ремеркеле од стаклено шише во кафуле и Кока-Кола од пластично шише од автомат во Загреб биле хоспитализирани со истата дијагноза?

Дали знаеле дека во еден ресторан во Риека во мај, на маж му се испржи хранопроводникот откако и тој испил Ремеркеле?

Ако е така, колку долго ги имаат тие информации?

Што направиле кога дознале за случајот?

Од Кока Кола не добивме никаков одговор на прашањата.