Најнов гаф на владата – Шефот на НАТО мораше да го чека Ковачевски бидејќи тој задоцни!!!
Продолжува низата протоколарни гафови на владата откако шефот на најмоќната воена алијанса на светот Јенс Столтенберг нас две минути го чекаше премиерот Ковачевски да излезе од зградата на владата.
Во моментот кога шефот на НАТО Алијансата, Јенс Столтенберг пристигна пред владата тој мораше да чека во возилото затоа што неговиот домаќин премиерот Димитар Ковачевски не беше таму да го пречека.
Досега во историјата не се случило некој гостин да мора да чека некој премиер или претседател на Македонија.
Владини извори тврдат дека причината за доцнењето од 140 секунди на премиерот Ковачевски е хаос во неговиот кабинет каде се случуваат тензии откако повеќе негови соработници и советници најавиле дека бараат други работни места по што дисциплината во неговиот тим е драстично намалена.
Видео од дочекот на Столтенберг каде на почетокот се гледа дека шефот на НАТО не може да излезе од возилото затоа што нема кој да го пречека
Погледнете го видеото од почеток: