Мицкоски за криминалот во здравството: Ќе влеземе озбилно да истражуваме и озбилно ќе вадиме луѓе од таму со лисици
-Горе долу цело здравство е такво како што го гледаме случајот со Онкологија. Јас гарантирам дека во една или друга форма исотот се случува скоро во сите здравствени установи во напата земја. Дали очекувате дека овој случај ќе има правна завршница, да бидат соодветно санкционирани? Се допре дното, се изгубија сите морални и етички вредности – запраша еден од присутните на денешната трибина на ВМРО-ДПМНЕ во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“ во Виница на дебатата насловена „Случај „ДИВО МЕСО“ – Мора да има одговорност за канцер-мафијата“
Лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, одговори дека не очекува дека истрагата за овој случај ќе заврши.
Никој не ја информира јавноста до каде е случајот,а не ни очекувам да ја информираат. Бидејќи јавноста беше информирана кога требаше кај некој од ВМРО дома да влезат специјалци, за да апсат некој од оние во притвор. Кога има ваков тип на криминал тоа никој ништо не знае.
Дали очекувам оваа истрага да заврши? Не очекувам.
Но, набрзо од денеска, за неколку месеци од денеска очекувам кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира идната Влада многу јасно да се преземат озбилни истражни активности. И не само таму, ние имаме индиции и за други клиники. Да, мислам и за други болници. Не може ова вака да остане, озбилно ви кажувам дека ќе влеземе озбилно да истражуваме и озбилно ќе вадиме луѓе од таму со лисици – рече Мицкоски.