Митева: Власта да се охрабри и да каже датум за избори, програмата на ВМРО-ДПМНЕ ќе значи промени и напредок во секој еден сегмент

Очекувам власта да се охрабри и да каже датум за избори, времето истекува, ќе дојдат и законските рокови за распишување. Колку повеќе одолговлекуваат толку повеќе го иритираат народот. Програмата на ВМРО-ДПМНЕ ќе значи промени, напредок, навистина нешто што и недостасува на Македонија да напредува во секој еден сегмент, изјави Марија Митева член на ИК и портпарол на ВМРО-ДПМНЕ за „Топ тема“ на Телма.

Митева за оценката на ЕК дека Македонија стагнира вели дека кога ќе ја утврдите ситуацијата на стагнација чекорот број еден одговорност, затоа што стагнираме поради владините погрешни политики.

– Во однос на патоказите од она што го имам како информација е дека повторно и во истите во оној нацрт извештај кој беше во август донесен, сме оценети во клучните делови, а тоа е правда, судство и медиуми со единица и сме најслаби од регионот, рече Митева.

Таа посочи дека власта се обидува преку лошиот извештај да направи дефокус во јавноста, првиот обид беше дека тој е резултат на состојбите во Собранието и дека опозицијата е виновна.

– Тоа е нивна позната реторика прстот да биде вперен во било кој само не во нив. За да имате соговорник од спротивната страна да подготвите акциски план за клучните прашања треба да имате и слично размислување за клучните реформи. Не можете да бидете соговорник со изворот на проблемите. Не гледам како власта во овие неколку месеци ќе направи помрднување од она што е карактеристично за нив а тоа е криминал и корупција, истакна Митева.