Лидерска средба: „Знаеме дека приоритет на Ковачевски се винските средби, но сепак лидерските се важна работа која не се договара преку медиуми“ – порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ
СДС продолжува да се однесува незрело и неодговорно за крупни прашања за државата, но сепак благодариме за разбирањето кое го имаат за агендата на претседателот Мицкоски, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Очекуваме да го потврдат Собранието како место за лидерската средба и форматот. Очекуваме сериозни одлуки на лидерската средба и нема да го коментираме лошиот и неинвентивен смисол на хумор на Центарот за комуникации на СДС кој сепак не ја покрива потребата Ковачевски да биде концентрирано присутен еден час на лидерска средба, се наведува во партиското соопштение.
Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат: „Народот од нас очекува одлуки, а не расправи во стилот „теткински озборувања на пазар“ или веселби на вински фестивали кои траат по неколку денови чиј љубител е токму лидерот на СДС“.