Директорот на Агенцијата за разузнавање НЕ ПОМИНАЛ ПОЛИГРАФСКО ВЕШТАЧЕЊЕ???

Шеф на една од најмоќните македонски тајни служби не поминал полиграфско вештачење со што не можело да се провери дали тој е потенцијален соработник на други ривалски безбедносни служби или други корминални или бизнис групи.

Директорот на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу кој е именуван од страна на претседателот на државата Стево Пендаровски не минал тестирање на специјалната машина полиграф на која се гледа дали тој дава лажни или точно информации за неговите потенцијални незаконски или криминални комуникации.

Овој скандал го открива екс техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев во емисијата заспиј ако можеш.

Според Чулев кој беше директор на Агенцијата за разузнавање пред Муслиу, во неговото време актуелниот директор не минал на полиграф што е задолжително тестирање според законот.

Дали Муслиу го минал полиграфот од кога во 2018 беше именуван за директор од страна на Пендаривски е прашање за кое јавноста досега нема одговор.

Цели 5 дена од Агенцијата за разузнавање и од кабинетот на претседателот Пендаровски нема демант на тврдењето на Чулев во Заспиј ако можеш на ТВ Алфа.

Извор: expres.mk