Грција ќе стави вето за почетокот на преговорите со Албанија, објави весникот „Катимерини“.
На декемврискиот Самит на ЕУ Грција нема да дозволи отварање на првите поглавја со Албанија. Весникот пишува дека планот бил покрај Албанија и Македонија да ги почне преговорите но сега и двете земји ќе имаат вето од Грција и од Бугарија.
Причината за вето е поради кршење на правата на затворениот градоначалник на Хеимара, Фреди Белерис на кого Грција смета дека му се загрозени човековите права.