Од Охрид започнува кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“: ВМРО-ДПМНЕ на дебати, Мицкоски на теренски посети

Денеска од Охрид под слоганот „Важно е! Од тебе зависат промените“, ВМРО-ДПМНЕ ја стартува својата кампања која ја најави лидерот на партијата Христијан Мицкоски.

Како што соопштија од партијата, кампањата ќе се реализира следните два месеци и ќе се биде во два дела, односно лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ќе има теренски посети низ општините, додека во вториот дел е предвидено да се одржат дебати на различни теми во различни општини на кои ќе бидат опфатени актуелните случувања кои ги мачат граѓаните, но според нашите информации од партијата ќе понудат и принципи по кои би се воделе кога ќе ја преземат власта и за кои тие сметаат дека треба да се движи државата.

Мицкоски ќе оствари голем број на средби со целни групи, но и со граѓани, а како што информираа првата теренска посета ќе биде токму во Охрид.

Предвидено е да оствари средба со туристичките работници, прошетка низ чаршијата во Охрид, средба со пензионери, а по попладне ќе одржи говор и ќе има можност да разговара со граѓаните, да ги слушне нивните размислувања, како и да одговори на нивните прашања.

Наративот кој што ќе биде дел од дебатите во општините ќе биде токму лошата и тешка состојба во која се наоѓаат граѓаните, безпарицата, лошата економска состојба, владеењето на криминал и корупција наспротив владеењето на право и правда, националните понижувања, лошиот имиџ на македонската дипломатија, хаосот во земјоделството, образованоето, спортот, како и иселување на младите и празнењето на државата. Но, и борбата за достоинство, иднина и промени кои ќе значат просперотетна Македонија.

По кампањата и акцијата која што ВМРО-ДПМНЕ успешно ја реализираше а беше насловена Ова е Македонија, Македонија за сите на која се одржаа трибини на отворено и граѓански собири во 12 општини, а учествуваа 19 тимови со вкупно 200 луѓе и посетија над 700 населени места, се нотираа дури над 18.000 проблеми со кои се соочуваат граѓаните, а како што тогаш известија од партијата, решенијата ќе бидат дел од идната програма на ВМРО-ДПМНЕ. Ова е втора голема кампања овој пат насловена „Важно е! Од тебе зависат промените”.

Имено, од јануари па се до денес е активна кампањата „Промени на дело” каде што Мицкоски речиси најмалку два до три пати е присутен во општините чии градоначалници се од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, а на кои се пушта во употреба ново изградена градинка, улица, пазар, водоводна или канализациона мрежа, или пак најава за изградба на некој нов проект.

Постави одговор

Your email address will not be published.

ZBOR.COM.MK