„Директорот на Онкологија ОДЛУЧУВАЛ КОЈ ПАЦИЕНТ ЌЕ ДОБИЕ БИОЛОШКА ТЕРАПИЈА“

Директорот на Онкологија одлучувал кој пациент ќе добие биолошка терапија и немало стручен колегиум, открива претседателката на Анкетната комисија за скандалот на Онкологија, Рашела Мизрахи во емисијата „10 Минути“ на ТВ21.

-Била централизирана моќта, директорот конечно да овласти со своерачен потпис преку целиот лист хартија дали тој пациент ќе ја добие или нема да ја добие“, рече Мизрахи.

На прашањето дал директорот на клиниката одлучувал кој пациент ќе добие терапија, а кој не, таа одговори: „Биолошка терапија, да, апсолутно да“

Но кога новинарот ја прашува за стручен колегиум, Мизрахи вели дека немало.

Таа истакна дека при сведочењето пред Анкетната комисија двајцата министри Беким Сали и Фатмир Меџити велеле дека доколку тоа се случувало во времетраење на нивните мандати, тие се подготвени да сносат лична одговорност, екс министерот Венко Филипче имал плејада на одговори „Не знам“.

– За мене интересно беше што, во однос на тројцата министри за кои разговараме, министрите Беким Сали и Фатмир Меџити рекоа „доколку ова се случувало во времетраење на моето раководство, ќе сносев лична одговорност, ќе сметав дека сум одговорен и ќе сносев политичка одговорност напуштајќи ја функцијата“, само еден министер Венко Филипче на многу од прашањата во времетраење од 2 часа имаше плејада на одговори „Не знам, не знам, не знам“ меѓу кои и беше и одговорот не знам за постоењето на КАТО системот, што е исклучително интересно со оглед на тоа дека бил советник на тогашниот министер Тодоров кога е набавуван самиот систем, вели Мизрахи.