(ВИДЕО) „Важно е граѓаните да имаат доверба во полицијата, да нема наместени тендери, храната да биде безбедна и здрава, а воздухот да биде чист и да се намали загадувањето“

Македонските граѓани масовно сакаат промени и се приклучуваат на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“  каде објавуваат кратки пораки на социјалната мрежа Фејсбук што за нив е важно во секоја сфера од животот.

Loading…

Членот на ИК пратеник Драган Ковачки истакна дека важно е да се има доверба во полицијата.

-Важно е граѓаните да имаат доверба во полицијата,  рече Ковачки.

Цветан Трипуновски, претседател на комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ важно да храната да е здрава и безбедна.

-Важно е да има здрава и безбедна храна, нагласи Трипуновски

За Александар Велјановски пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ важно е воздухот да биде чист и да се намали загадувањето.

-Важно е да се намали загадувањето и и да имаме чист воздух, изјави Велјановски.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски вели дека важно е тендерите да не се наместени.

-Важно да нема наместени тендери, изјави Петрушевски.

Тони Јаревски пратеник истакна дека важно е да се намалат административните процедури за фирмите.

-Важно е да се намалат административните процедури за фирмите, рече Јаревски.

За пратеникот Јован Јаулески  важно е да има економски политики кои ќе ги поттикнат младите да инвестираат во земјава.

-Важно е да економски политики за поттикнување на младите да инвестираат во Македонија, изјави Јаулески.

-Покрај партиските функционери на партијата и активисти, се поголем број на граѓани се приклучуваат на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“ и го креваат својот глас за промени кои носат иднина. Секој еден е важен. Важно е да се обединиме, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.