“Извештајот на Советот на Европа е НАВРЕДЛИВ И ТОКСИЧЕН“
Вака адвокатот Тони Менкиноски, кој долги години застапува случаи пред судот во Стразбур, го оценува извештајот на Европската Комисија против расизам и нетолеранција при Советот на Европа, кој беше објавен пред два дена, а во кој се наведува дека Комисијата слушнала обвинувања дека некои навредливи термини за Бугарите повремено се употребуваат и на Канал 5 Телевизија, без притоа во него да се наведе кој го направил тоа, кога и што точно било кажано.
„ Најнапред, извештајот на ЕКРИ е навредлив не само за Канал 5 кој се споменува директно за прв пат во тие извештаи се споменува правното лице Канал 5 не е дозволиво бидејќи во другите извештаи кои ги прави ЕКРИ се однесуваат на државата.. Сега во моментот треба македонската дипломатија да преземе обврска бидејќи затаила во подготовката на тој извештај и не доставила доволно информации треба да побара од ЕКРИ како е дојдено до тој извештај едноставно контра нота да упати до Советот на Еворпа, до Генералниот секретар, до Комесарот за човекови права, зошто од друга страна се врши влијание врз слобода на медиумите што е многу опасно и токсично.“- Тони Менкиноски – Адвокат
За неоснованите обвинувања во Извештајот против Канал 5, со кои се нарушува угледот и интегритетот на медиумот, освен со реакција на македонската дипломатија, Менкиноски вели дека правдата може да се побара и по судски пат.
„ Покрај онаа дипломатска преписка до релевантни инситуции на Совет на Европа дека се работи за нарачан извештај од страна на бугарските власти според мое лично мислење, можете дополнително бидејќи Советот на Европа има канцеларија во Македонија таа навреда да ја ефектуирате преку судски процес во Македонија едноставно да започнете процес во кој ќе покажете дека Канал 5 воопшто нема никакво влијание во говорот на омраза кон Бугарите во Македонија.“- Тони Менкиноски – Адвокат
Според информации на Канал 5 здруженијата на македонските Бугари веќе подготвуваат преку отворено писмо да го демантираат делот од Извештајот во кој се наведува Канал 5, затоа што сметаат дека токму овој медиум бил единствен кој им отстапува простор за да се чуе и нивниот глас.. Потврда за одличната соработка години наназад е и изјавата од пред два дена на претседателот на здружението за македонско бугарско пријателство „Мост“ Митко Ѓоргиев.
Меѓу забелешките наведени во Извештајот се наведува дека во Македонија има анти-бугарски говор, дека Бугарите се етикетираат како „фашисти“, а бугарките се претставуваат како „евтини проститутки“.