Почнува ноќната стража
Македонските народ се самоорганизираше на таканаречена „ноќна стража“ на еден ден пред роденденот на апостолот на македонската револуционерна борба на гробот на Гоце Делчев.
Поголема група на граѓани се сретна на плоштадот Македонија од каде се упати во правец кон црквата Св. Спас.
Се очекува граѓаните да застанат на локацијата на која ќе се сретнат со полицискиот кордон и таму да ја минат ноќта.
Активистиката за Македонија Виолета Петковска рече дека е разочарана од малиот одзив на граѓаните за оваа ноќна стража:
“До кога Македонците ќе трпат и ќе гледаат како им се урива државата”, праша таа.
Адвокатот Јанаки Митровски исто така изрази разочараност од слабиот одзив:
“Имаме многу ФБ патриоти позади тастатура, но гледаме дека во реалноста кога треба да се делува – луѓето ги нема. Немам што друго да ви кажам, среќа што дедо ми, кој отишол во партизани на 17 години, не ја гледа оваа срамота. А верувајте ми дека на оние кои ќе дојдат од Бугарија утре, ќе им биде дозволено да одат до гробот на Гоце, повеќе ќе ги толерираат од нас”, изјави Митровски.