Милошоски до Димитриевски: Зошто во 2017 и 2018 година не се произнесе за штетниот договор со Бугарија?
Антонијо Милошоски утрово на Радио Лидер постави прашање до Максим Димитриевски велејќи „Зошто во 2017 и 2018 година не се произнесе за договорот со Бугарија“? Исто така, Милошоски прашува дали Димитриевски смета дека тој договор бил правилно потпишан.
Утрово гостин на емисијата „Еспресо со Златев и Боцевски“ беше гостин пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски со кого се зборуваше на актуелните политички теми. Како една од актулените случки се зборуваше и за патриотската реторика на градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, а Милошоски упати прашање до него.
„Една работа не ми е јасна за човек којшто се одвојувал во рамките на пратеничката група на СДСМ не ми е јасно зошто во 2017 и 2018 година кога се уште беше пратеник, зошто не се произнесе за случувањата со договорот со Бугарија? Можеби од денешна гледна точка би било многу корисно треба да даде оцена дали тој договор бил правилно потпишан и дали тогаш владата која ја поддржуваше избрза или направи грешка?, прашува Милошоски.
Воедно, Милошоски потсети за неговиот ангажман во однос на референдумот во 2018 година го повика народот да излезе и да гласа „ЗА“ Северна Македонија.